Популарната актерка вели дека не се сеќава на ноќта кога првпат се напила алкохол.
Актерката Селма Блер, како што напишала во своите мемоари, на 7 години веќе почнала да консумира алкохол кога сакала да побегне од траумите, па во пијалакот толку млада ја пронашла утехата.

„Не знам дали би го преживеала детството бев алкохолизам“, изјавила таа за „People“.
Во една емисија таа открила неверојатни детали:
„Беше тешко, но можеби така беше и полесно. Можеби никогаш не би го преживеала моето детство без алкохол“, изјавила актерката искрено.
Блер во својата книга напишала и како алкохолот ѝ бил „откровение“.

„Кога имав седум години, кога дома имав алкохол на точење, постојано го пиев, но никој не обрнуваше внимание на моето ниво на трошење на алкохолот. Прво помислив дека тоа е страшно, а потоа се напив и уживав во тоа чувство. Подоцна ме ставија во кревет своите сестри, а во текот на утрешниот ден ништо не се сеќавав“, вели актерката.