„Ти си деловна жена и имаш огромна платформа со која можеш да влијаеш. Можеш ли барем да кажеш нешто за Палестина?“, ѝ напишала некоја пријателка под фотографиите кои ги објавила Кајли.
Кајли Џенер (23) на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографии на коишто позира на луксузна јахта во бикини. За кратко време таа добила голем број лајкови.
Но, под фотографијата покрај коментарите за нејзиниот изглед и бикини, имало и онакви на кои ѕвездата веројатно не се надевала.
Следбениците одлучиле да ја потсетат Кајли за конфликтите во Палестина.
View this post on Instagram
„Моли се за Палестина“, „Луѓето умираат“, „Бела Хадид е твоја пријателка, погледни што прави таа, а ти се соблекуваш“, биле само дел од коментарите кои ѝ ги упатиле луѓето, потсетувајќи ја на американската манекенка која протестираше носејќи палестинска марама.
Имало и такви коментари кои не биле толку строги:
„Имаш пријатели од Палестина. Ова се прекрасни фотографии и драго ми е што уживаш. Но, ти си деловна жена и имаш огромна платформа со која можеш да влијаеш. Можеш ли барем нешто да кажеш за Палестина?“.
Да ве потсетиме, Кајли е најмладата милијардерка на светот, а минатата година во Дубаи се дружела со палестинскиот модел Фаи (29).
View this post on Instagram
View this post on Instagram