Пожар во центарот на Скопје – изгореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ (Фото/Видео)

Во текот на ноќта во околу 1 часот и 30 минути се запалиле бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои се наоѓаат зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје.

 

Реклама

Пожарникарите се сè уште на местото и ги гаснат остатоците од огнот, а просторот е затворен за пристап.

„Причините се надворешен фактор од возило паркирано пред бараките кое експлодирало. Штетата е голема, сè уште на местото на настанот има екипа која работи на догасување и сè уште не е комплетно затворен пожарот. Нема повредени и жртви, пожарот избувнал во 1 часот и 50 минути. Во пожарот учествувале шест возила и 19 пожарникари“, изјави Симоновски за ММС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)

В.Д директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, вели дека сè уште немаат влезено во просториите бидејќи местото го обезбедува полицијата:

„Првични информации, неофицијални се дека опожарено возило паркирано покрај објектот, се случила експлозија и така е зафатена бараката. Сè уште немаме влезено во просториите, бидејќи сè уште дежураат претставници на пожарна и на МВР и сè уште се догасува. Од првичните сознанија сите простории се опожарени“, изјави Настов за ММС.

Реклама