Повторно гори Минеаполис: Полицијата убила човек при апсење, протести на улиците

Американските маршали убиле едно лице при обид за апсење во Минеаполис, а станува збор за осомничен од државна потерница.

Овој настан предизвикал мал протест во градот кој се уште го оптоварува полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Google search engine

“Во текот на инцидентот, субјектот кој бил паркиран со автомобилот не го почитувал предупредувањето и покажал оружје, што резултирало со тоа припадниците на специјалните единици да пукаат во него”, се наведува во соопштението на Маршаловите сили, пренесува “Reuters”.

Не се наведува кои сили на редот учествувале во инцидентот, но меѓу нив немало членови на градската полиција, чии припадници го убиле Џорџ Флојд пред една година.

Полицајците се обиделе да го реанимираат мажот, но лекарите на самото место го прогласиле за мртов. Жената која била во автомобилот со осомничениот се здобила со помали повреди од скршеното стакло.

Очевидците велат дека слушнале десетина истрели.