Повеќето земји во светот ќе добиваат енергија од обновливи извори до 2050 година!

Речиси три четвртини од земјите во светот ќе имаат енергија само од обновливи извори до 2050 година. Ова е амбициозно предвидување на нов патоказ за 2050 кој пресметува поместување кон иднина ослободена од емисии на гасови, па со сето тоа би се креирале и нови работни места, би се намалиле трошоците за здравје и клима, а би се помогнало и во спасување на планетата од глобално затоплување. 

Google search engine

Пресметките ги направиле 30 научници кои имаат задача да ги анализираат способностите на 139 земји кои би транзитирале на 100% енергија што произлегува од ветер, вода и сонце, во наредните 3 децении. Тие сметаат дека придобивките од тоа се големи и би требало што побрзо земјите да работат на планот за снабдување со енергија преку овие обновливи извори. Особено е важно да се спроведе ваквиот начин на снабдување со енергија и поради намалената емисија на фосилни горива кои ја загадуваат атмосферата, што ќе следува како придобивка. Со тоа ќе се намали и бројот на смртни случаи кои произлегуваат од загаденоста на воздухот. Друга позитивна карактеристика би било и спречувањето на понатамошно зголемување на глобалните температури. 

Експертите велат дека по спроведените анализи во само 50 земји во САД, заклучиле дека има доволно ресурси за земјите да се снабдуваат со енергија преку обновливи извори. Како следен чекор, научниците планираат да креираат патокази за индивидуални градови, кои би можеле да функционираат со комплетна обновлива енергија. Во некои градови во светот тоа веќе и се спроведува. Има уште многу работа за поголемиот број од земјите во светот да бидат целосно снабдувани со енергија од обновливи извори, но ваквите анализи се голем чекор напред во применување на ваквата практика.