Повеќенаменски спреј кој го има во речиси секое домаќинство: Знаете ли што значи неговиот назив „WD-40“?

Речиси секој од нас во домот го има повеќенаменскиот спреј „WD-40“. Но, дали некогаш сте се запрашале што значи неговото име?

Овој производ има 5 главни функции: подмачкува, го заштитува металот од ‘рѓа, ги штити површините од влага и други корозивни елементи, го отстранува талогот на апаратите, опремата и возилата и спречува кратки споеви предизвикани од влага.

Google search engine

„WD-40“ буквално означува истиснување вода (Water Displacement), а бројот ја означува формулата добиена од 40-от обид. Имено, хемичарот Норман Ларсен се обидувал да осмисли формула на течност која би спречувала појава на корозија.

Оваа задача на почетокот не му одела од рака, но тој не се откажувал и бил упорен. Ја осмислил совршената формула од 40-от обид.

Она што е интересно да се спомене е дека во 1953 година Норман имал план за креирање на производ кој ќе спречи ‘рѓосување на нуклеарните проектили. Во текот на Студената војна американската влада се плашела дека нејзиниот арсенал нема да функционира најдобро ако затреба.

Сепак, денес овој спреј во главно се користи за подмачкување на чкрипливи врати, ланци од велосипеди итн.