Повеќе од милијарда корисници изложени на ризик: Ако ја имате инсталирано оваа апликација, вашите документи се во опасност

Корисниците на паметни телефони со Android, се чини, треба да бидат многу внимателни при преземање на различни апликации. Дури и ако се преземени од легални места како продавницата на Google Play.

Последната во низа апликации што може да предизвика главоболка на корисниците кои ја преземале е апликацијата за споделување документи SHAREit, која е преземена повеќе од милијарда пати. Имено, откриено е дека содржи ранливости кои биле пријавени кај авторот на апликацијата пред повеќе од три месеци, а кои сè уште не се закрпени.

Ранливоста овозможува малициозен код да работи на сите паметни телефони на кои е инсталиран SHAREit. Ова овозможува пристап до паметниот телефон на корисникот, по што е можно да се избришат документите зачувани на телефонот, но и да се инсталираат нови апликации без знаење и дозвола на корисникот.

Компанијата Trend Micro, која се занимава со компјутерска безбедност Trend Micro, предупредува дека поради оваа ранливост, апликацијата (и нејзините корисници) би можеле да бидат нападнати од хакери кои би можеле да го искористат лесниот пристап до уредот и да ги избришат, уредат или променат чувствителните документи складирани на уредот.

Trend Micro исто така го информираше Google за сè, но сè уште нема официјален одговор.

Интересно е што SHAREit за уредите со iOS го нема овој проблем затоа што користи друг код.