Повеќе од две третини од повратниците од Западен Балкан се заразени со коронавирус – најмногу од Македонија

Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенција за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број случаи се „увезени” од Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477, пренесува српскиот портал „Дневник”.

Google search engine

Од Косово исто така има зголемен број „увезени” случаи – од 253 на 799. По Косово следи Турција со 662 случаи, а на врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи.

Во 31-та календарска недела биле регистрирани 5.888 инфекции со коронавирус, а во 32-та недела веќе имало 8.113, од кои околу 40 отсто се однесуваат на повратници од одмор, пренесува „Слободен печат“.

Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) на Австрија предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.

БВТ посочува дека групите кои го негираат постоењето на коронавирусот собираат податоци за медиумските куќи, прават црна листа и сакаат да влијаат врз известувањето за пандемијата и вакцинацијата. Тие особено работат на собирање е-пошта и поштенски адреси на издавачки куќи во Австрија и Германија, со цел да состават виртуелен адресар.