Полицијата на Косово ги уапси трите медицински сестри осомничени дека злоставувале штитеничка во дом за стари лица во Пеќ.
Минира Нура, да потсетиме, беше жртва на брутален и нехуман напад во дом за стари лица, а во центарот на скандалот беше медицинската сестра Аурона Пелај, која ја држеше за раце и ја удира.
Медицинските сестри добија 48 часа притвор, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.
@gazetademos #peje #gjykata #auronapelaj #altinarexhepi #remziekuqi ♬ Dramatic Music – 1:34 – BeardMusicStock
На видеото се гледаат како полицијата со наведнати глави ги префрла во затворот во Липјан.
За потсетување, работничките во Домот за стари лица во Пеќ беа уапсени поради сомнение за физичко насилство врз постара жена, а видеото на кое се гледа како со насмевки тепаат баба предизвика бурни реакции низ регионот.