Потврдено: Човечка ДНК пронајдена во машината за мелење месо во куќата на кланот на Беливук! (видео)

Српскиот министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, вели дека по извршеното вештачење, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал, дефинитивно потврдиле дека се пронајдени неколку примероци на ДНК од разни жртви во машината за мелење месо пронајдена во куќата што им припаѓала на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во белградската населба Ритопек.

Google search engine

Ниту едно кривично дело на кланот Беливук-Миљковиќ нема да остане неразјаснето. Откако пронајдовме тајна просторија во куќата на ужасите во Ритопек, во која, покрај оружје и експлозив, имаше и индустриска машина за мелење за месо, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека во таа машина имало траги од ДНК на различни жртви на овој клан, истакна министерот Вулин.

Претходно денес, министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, објави дека по извршеното вештачење, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека во машината за мелење месо која е пронајдена во куќата што му припаѓала на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во белградската населба Ритопек, се најдени повеќе примероци на ДНК од различни жртви.

Според него, оваа злостирничка група мачела луѓе, ги убивала и на крајот на најстрашен начин ги мелела нивните остатоци со цел дополнително да ги уништи и расфрла.

Машината за мелење месо и арсеналот од разни оружја и експлозиви беа пронајдени пред две недели во тајна просторија во куќата во Ритопек и по наредба на обвинителството, тие веднаш беа испратени на вештачење.

ПретходнаМилион евра за убиство на Веља Невоља и шефот на кавачкиот клан!? Презентирани нови детали
СледнаШвајцарскo истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?