Потрошила половина милион долари за да изгледа како Ким Кардашијан, па се премислила: За еден ден направила девет естетски операции

Џенифер Памплона се прослави пред неколку години кога беше објавено дека направила дури девет естетски операции во еден ден, сè со цел да личи на Ким Кардашијан.

Зависничката од пластична хирургија ги направила последните зафати кај хирург во Турција и потрошила половина милион долари, а нејзината крајна цел е што повеќе да личи на Ким Кардашијан.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Pamplona (@jenniferpamplona)

За време на последните зафати, Џенифер по вторпат го оперирала носот, ги извадила филерите од образите и направила лифтинг на лицето. Покрај тоа, двапати го зголемила задникот, градите, усните, а направила и липосукција и извадила две ребра. Таа, исто така, вбризгувала сало во градите за да ѝ бидат што поголеми.

Тогаш рекла дека е презадоволна, иако понекогаш мислела дека попаметно било споменатите пари да ги чува на жиро сметка. Меѓутоа, набрзо се премислила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Pamplona (@jenniferpamplona)

Иако речиси седум години работела на тоа да изгледа како Ким, сега тоа повеќе не ја исполнува и посакува никогаш да не ги започнала операциите.

Единствениот начин на кој таа почувствувала дека може повторно да личи на себе било да направи нови операции. Таа потрошила преку 100.000 фунти на овие операции за да се врати „во своја кожа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Pamplona (@jenniferpamplona)

Инаку, Џенифер не сакала само да личи на Ким, туку има и своја колекција на шминка исто како најпознатата старлета на светот.

- АУДИО РЕКЛАМА -