ПОТРОШИЛ ПОВЕЌЕ ОД 200.000 фунти ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ДОМОТ: Откриена голема афера на Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој пред два дена поднесе оставка, потрошил повеќе од 208.000 фунти во 2020 година за да ја реновира куќата во Даунинг стрит број 11, каде што живеел со своето семејство, потврдува копија од официјалната сметка објавена на веб-страницата на весникот Independent.

Вкупните трошоци за поправки изнесуваат повеќе од 208.000 фунти, додека само 30.000 му се доделуваат на премиерот за оваа намена годишно, пишува весникот.

Google search engine

Кабинетот на премиерот претходно тврдеше дека Џонсон тоа го направил на свој трошок, но документите со кои располагаат британските медиуми покажаа дека премиерот собира средства од Конзервативната партија за финансирање на поправките. Џонсон подоцна го исплатил долгот и ги платил поправките од свои средства.

Најскапите набавки биле две софи во дневната соба во вкупна вредност од повеќе од 15.000 фунти, осум столчиња за трпезарија (повеќе од 11.000 фунти), тепих за дневна соба (7.000 фунти) и светилка (6.000 фунти), се вели во написот.

Вкупно, само за дневната соба се потрошени повеќе од 78.000 фунти. Реновирањето на трпезаријата го чинеше премиерот околу 32.000 фунти, а кујната е на трето место – за неа се потрошени околу 18.000 фунти.

Фактурата е испратена до Џонсон од Soane Britain, која е специјализирана за рачно изработен мебел.