Потрошил милион долари на луксузни автомобили, па им ги подарил на пријателите

Изгледа дека боксерот Флојд Мејведер е тип кој многумина би посакале да го имаат за пријател.

Мејведер неодамна потрошил милион долари за да се почести себеси, но и своите пријатели со нови автомобили. Боксерот во салонот „Towbin Auto Group“ во Лас Вегас купил вкупно 10 автомобили – два „Rolls-Royce Ghost“, „Mercedes S560“, „Mercedes-Maybach“, „Dodge Journey“, два „Dodge Charger“ и три „Dodge Challenger“.

Google search engine

Сите автомобили, освен моделите „Rolls-Royce Ghost“, Флојд ги подарил на своите пријатели, членови на тимот и неименувани членови на семејството.

Неодамна купената флота е само дел од вкупниот број на автомобили кои Мејведер ги купил од „Towbin Auto Group“. Сопственикот на салонот неодамна изјавил дека боксерот е негов чест клиент и дека во текот на годината од неговата компанија купил 157 возила, помеѓу кои 29 модели на „Rolls-Royce“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

Оние кои не следат бокс и не ја следат кариерата на Мејведер, милион долари можеби звучат како многу пари, но тоа е буквално ситница во однос на најмалку 50-те милиони долари кои Флојд ги заработи во неделната борба против Логан Пол.

Меѓу другото, Мејведер важи за еден од најплатените спортисти во последната деценија, со заработени 915 милиони долари, пишува „TMZ Sports“.