Потпретседателката на владата на Србија: Лавров нè злоупотребува

Зорана Михајловиќ, потпретседателка на српската влада, го обвинила рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров дека ја злоупотребува Србија во војната против Украина. Рекла дека Лавров погрешно го претставува не-воведувањето на санкции како поддршка од Србија, пренесува „Klix“.

„Лавров со своите изјави го злоупотребува фактот дека Србија не и воведе санкции на Русија. Се обидува да покаже дека Србија го поддржува нападот на Русија на Украина. Србија јасно се определи кон војната во Украина, а тоа што не и воведовме санкции на Русија, како што направи цела Европа, покажува дека водиме самостојна и независна политика“, рекла Михајловиќ.

Google search engine

Лавров врши дополнителен притисок на Вучиќ

Михајловиќ тврди дека Лавров, наместо да ја почитува одлуката Србија да не воведе санкции на Русија и покрај притисоците, тој го злоупотребува тој факт.

„Со тоа врши дополнителен притисок на претседателот Александар Вучиќ и владата на Србија. Иако зборува за пријателството меѓу двете држави, со ваквото однесување на дело го покажува спротивното“, додава Михајловиќ.

Политиката на владата и претседателот се чување на мирот и стабилноста, регионалната соработка и пристапување кон ЕУ. Се што не придонесува за овие цели, нема врска со оваа политика, додала потпретседателката.