Потпишан е договорот за набавка на 200 илјади вакцини од Кина – пристигнуваат овој месец

Министерот за здравство, Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против коронавирус од „Синофарм“.

Како што информираа од министерството за здравство, земјава од кинеската компанија „Синофарм“ ќе добие 200 илјади дози на вакцини кои ќе пристигнат во текот на овој месец.

Google search engine

„Вакцините од Кина во нашата земја ќе пристигнат на аеродромот во Скопје. Направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата. Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и проценка на капацитетите за складирање на целата количина“, соопштија од Министерството за здравство.

Предмалку оваа информација беше потврдена и на официјалниот „Фејсбук“ профил на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец“, напиша Венко Филипче.

- АУДИО РЕКЛАМА -