Потона јахта на југот на Италија: Камерите го снимија бродот како исчезнува во морето (ВИДЕО)

Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море на југот на Италија, а се појави и снимка од моментот кога таа полека исчезнува во морето.

Италијанската крајбрежна стража успеала да ги спаси сите девет лица од супер јахтата – четворица патници и пет членови на екипажот.

Google search engine

Јахтата потона на околу 15 километри од марината во Катанѕаро во Калабрија, јужна Италија, јави „Би-би-си“.

Причината за несреќата засега не е позната.