Потенцијален проблем: Американците истражуваат смртен случај и хоспитализација после вакцинирање со „Џонсон & Џонсон“

Американскиот центар за контрола и превенција на болестите “CDC” ја истражува смртта на жена од Орегон и хоспитализација на уште една жена од Тексас после примање на вакцина против коронавирус на „Џонсон & Џонсон“.

Советниците на “CDC” ќе се состанат денеска и ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи употребата на вакцината „Џонсон & Џонсон“ која се дава во една доза.

Google search engine

„Важно е да не се заборави дека само затоа што нешто се пријавува, не мора нужно да значи дека е предизвикано од вакцината или поврзано со вакцината“, изјави Имелда Гарсија од тексашката здравствена агенција.

Жената од Орегон на 50-годишна возраст ја примила вакцината на „Џонсон & Џонсон“ пред да биде паузирана употребата на оваа вакцина. Таа развила „ретко, но сериозно згрутчување на крвта во период од две седмици подоцна“, а сето тоа било во комбинација со низок број на тромбоцити, објавија од Здравствената управа на Орегон.

Жената од Тексас која ја примила истата вакцина, хоспитализирана е поради слични симптоми како и кај шест други лица во САД кај кои неодамна дошло до згрутчување на крвта.