Потег кој не се очекуваше: Ким Кардашијан го соблече градникот додека ја промовираше својата колекција

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан често објавува атрактивни фотографии на Инстаграм, но видеото кое неодамна го покажа во јавноста предизвика бура на мрежите.

Ким Кардашијан објави промотивна кампања за својот бренд „Skims“ и на тој начин ја претстави најновата колекција на градници. А целата кампања немаше да привлече толкаво внимание доколку ријалити ѕвездата не се решеше да го пласира својот производ на необичен начин.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Во видеото во еден момент Ким го соблекува градникот, нејзините гради се цензурирани, а потоа брзо го облекува вториот, односно најновиот градник од нејзината колекција.

Видеото се прошири на социјалните мрежи, а нејзините многубројни следбеници се воодушевија од новите градници, но и промотивниот видео материјал.