Винсент Касел и Тина Кунаки живеат во Рио де Жанеиро каде што деновите најчесто ги поминуваат на плажа и често споделуваат заеднички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а во брак се од 2018 година и имаат двегодишна ќерка – Амазони.
Винсент и неговата прекрасна 31 година помлада сопруга Тина, на плажите привлекуваат големо внимание.
Актерот и манекенката создале заеднички дом во Рио де Жанеиро и се гледа дека животот им годи.

Тие вчера биле забележани на плажа додека се обидувале да направат добра селфи фотографија…
Тие седеле, а манекенката ги крадела погледите во црвеното бикини кое што ги истакнувало сите нејзини облини, бујното деколте и виткото тело. Но, и актерот го покажал своето торзо со кое што може да влезе во конкуренција со поголем дел од своите помлади колеги, а го покажал и своето лице кое што природно старее, но сепак не ги издава неговите години.

Инаку, парот е во брак од 2018 година и имаат двегодишна ќерка. Винсент со Тина ја потврди врската во 2016 година.
Без оглед на тоа што многумина не им предвидувале долга врска, сепак Касел и Кунаки изгледаат позаљубено од кога и да е.

Винсент ја пронашол утехата во Тина по брачниот бродолом со една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, со која што во текот на бракот добил две ќерки.



