Последната снимка од првата жртва во нередите: Додека сe движи кон Конгресот вели – Нè има 3 милиони!

Ешли Бебит, 35-годишната жена која беше убиена од страна на полицијата за време на насилниот упад на поддржувачите на Трамп во зградата на Конгресот, непосредно пред да го загуби животот на „Фејсбук“ објавила видео.

„Одиме кон Капитол. Денес овде се собраа околу 3 милиони луѓе. И покрај тоа што ви го велат медиумите, чевлите и чизмите го зборуваат спротивното. Овде има море на црвено-бело-сини патриоти на Трамп. Беше чудесно да се слушне како говори претседателот. Сега одиме кон Конгресот, над три милиони луѓе. Бог да ја благослови Америка, патриоти“, порача Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство.

Google search engine

“TMZ” пренесува дека Бебит била застрелана откако се обидела да влезе во Конгресот. Таа итно била пренесена во болница каде што им подлегнала на повредите.

Бебит е една од четирите лица кои го загубија животот за време на инцидентите во американскиот Конгрес.