Работата од дома може да го намали германскиот БДП оваа година за 15 милијарди евра.
Намалената потрошувачка на вработените во канцелариите ја погодува гастрономијата, трговијата, како и превозниците, се истакнува во истражувањето на ревизорско-консултантската куќа “PwC”.
Моментално околу 30 проценти од вработените во Германија работат од дома. Тие затоа за пат до работното место, ручек во ресторан, купување во канцелариска населба или за забава, трошат помалку пари.
Директно погодените сектори со тоа губат 5,7 милијарди евра.
Покрај тоа, индиректните ефекти, како што помала потрошувачка на струја, водат кон намалување на БДП од 4,1 милијарди евра.
Намалената куповна моќ на вработените во погодените економски сектори дополнително го намалува БДП за 5,1 милијарди евра.
На основа на тие проценки, “PwC’ заклучува дека германскиот БДП оваа година ќе опадне за 14,9 милијарди евра за 0,3 проценти.