Поседува македонски пасош: Српските оперативци го лоцирале лидерот на “Кавачкиот клан” Звицер во Јужна Америка

Безбедносните служби од регионот, предводени од оперативци од српското МВР и БИА, го лоцирале Радоје Звицер, наводниот лидер на “Кавачкиот клан”, во една од земјите во Јужна Америка.

Како што пренесува “novosti.rs“, тој постојано го менувал престојувалиштето, па дури и државите во овој дел од светот, за да ја избегне потерата, но полицијата практично му “дише во врат”.

Google search engine

Пред националните бироа на Интерпол деноноќно се разменуваат информации, бидејќи по овој которчанец Србија распишала меѓународна “црвена потерница”, а во меѓувреме во потрагата по него се вклучила и Црна Гора.

“За движењето по Латинска Америка користи лажни документи, но го чуваат и тамошните нарко босови”, наведува изворот на “novosti.rs”.

“Според документите со кои располагаме има фалсификувани документи од Северна Македонија ,Хрватска и Украина. Без разлика на врските со кокаинските картели, неговото апсење е прашање на денови”, вели изворот.

Според оперативните сознанија на европските полиции, Звицер е еден од главните снабдувачи со кокаин на Стариот континент. Шверцерскиот ланец на чие чело е тој е еден од најорганизираните, и благодарение на врските во некои полиции, еден од најзаштитените.

Истрагата која во Србија е отворена против криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ дошла до сознанија дека тие не се само дел од овој шверцерски ланец, туку и дека нивен лидер е токму овој Кавчанин. Не само што тргувале со наркотици, туку и по налог на Звицер убивале конкуренти.

“Некои од најмонструозните злосторства ги извршиле под директен налог на Радоје Звицер”, истакнува изворот на “novosti”.

“За да му ја покажат лојалноста, организирале и извршиле бројни ликвидации во регионот, но и ширум Европа. Посебно е монструозен начинот на кој се ослободувале од доказите во куќата на смртта во Ритопек”.

Полицијата во викендичката во близина на Белград неодамна пронашла арсенал со оружје, но и индустриска машина за мелење на месо и коски. Со вештачење во неа биле идентификувани човечки биолошки траги.