Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште еднаш повторил дека Русија не прави никакви агресивни планови против Украина и дека не планира да ја напаѓа.
“Кој кого ќе нападне – Русија Украина, или Украина Русија? Американските и украинските медиуми тврдат дека Москва е подготвена на агресија против Киев, на напад, а ние тврдиме дека Украина планира агресивни активности против Донбас, ДНР и ЛНР. Тоа е нијансата која треба правилно да се разбере и правилно да се набљудува”, нагласил Песков.
Според неговите зборови, Русија неколку пати на најразлични нивоа истакнувала дека не планира никого да напаѓа и дека не прави никакви агресивни планови.
“Апсолутно е погрешно да се зборува спротивното и било какво движење на руските Вооружени сили да се доведува во врска со такви планови. Тоа не е така”, изјавил Песков.

“Москва е загрижена за однесувањето на Киев во поглед на југоистокот на Украина. “Длабоко сме загрижени а провокациите на Вооружените сили на Украина на линијата на разделување и подготовката за можно воено решение на проблемите во Донбас”, истакнал портпаролот.
Во врска со тоа, Песков навел дека Америка би можела да прати воени инструктори во Украина и дека таа опција “не треба да се исклучи”. “Таму одат воени советници, доаѓаат со системи за вооружување. Притоа, не само до САД, туку и од други НАТО земји. Сето тоа води кон понатамошна ескалација”, оценил портпаролот на рускиот претседател.
Истовремено, предупредил дека неисполнувањето на одредбите од Минскиот договор доведува до раст на тензиите во Европа.

На прашањето на украинскиот новинар како Киев може да добие гаранции за безбедност од Русија, Песков одговорил дека “најдобра безбедносна гаранција е примена на Минските договори”.
“Отсуството во напредокот во примената на Минскиот договор е значен иританс и предизвикувач на тензиите во Европа во целост, тоа е факт”, констатирал портпаролот на Кремљ.
Според наводите на агенцијата “Bloomberg”, американската разузнавачка служба смета дека Русија би можела да ја нападне Украина на почетокот на 2022-ра година. Нападот, наводно, би можел да оди и од територијата на Белорусија.

И шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал Кирил Буданов, ја обвинил Русија дека концентрирала повеќе од 92.000 војници во близина на границата со Украина и дека “се подготвува да нападне кон крајот на јануари или почетокот на февруари”.
Во врска со тоа, Песков рекол дека тврдењата дека Москва наводно се подготвува за воена инвазија на Украина може да послужи како параван за агресивните планови на Киев проблемот во Донбас да го реши по воен пат. Тој истакнал дека постои таргетирана информатичка кампања, како и дека за дезинформирање се користат новински агенции, како што е “Bloomberg” и други американски медиуми, пренесува “Sputnik”.