Порноактерката ја малтретираат соседите, но таа не се предава

Швајцарската порноактерка Мелба Монти вели дека е тешко да се биде ѕвезда на „OnlyFans“ во мал град, бидејќи мештаните се шегуваат или понекогаш се агресивни кон неа поради нејзината кариера, пишува „Daily Star“.

Мелба, која живее во швајцарскиот град Луцерн, се пожалила дека секаде во нејзиното соседство луѓето и велат „Еј, Онлифанс“!

Google search engine

Во некои случаи, вели дека е соочена со агресивни испади, кои се резултат на нејзиниот избор на кариера. Мелба вели дека ретко излегува од дома поради малтретирањето на улица.

„Зошто не можам да го работам тоа што сакам и да заработувам? Светот на еротиката отсекогаш не фасцинирал. Не се срамам тоа да го кажам“, вели Мелба за „Ticinonline“.

Но, додава Мелба, не е во ред да ја нарекуваат проститутка. „Има такви кои велат дека го продавам своето тело, но јас всушност продавам фотографи“, вели таа и нагласила дека никогаш не би била проститутка.

Мелба тврди дека да се биде „OnlyFans“ модел е работа со целосно работно време. „Отидов на одмор со своите пријатели. Но често морав да се искрадам за да одговорам на барањата на своите фанови“.

„Постојат луѓе кои ми плаќаат за снимки и не можам да ги оставам да чекаат. Во одредена смисла, ако а работите оваа работа, никогаш не сте слободни“, рекла Мелба.

Таа на своите родители им раскажала се за својата кариера на „OnlyFans“, а тие биле многу отворени во врска со тоа.

„Секогаш биле со отворен ум. Мајка ми ме научи дека е подобро да правам работи отворено отколку во тајност. Дури ни татко ми не ми забележа“, открила Мелба.

Но, Мелба вели дека провокациите и навредите од нејзините соседи се повеќе ја погодуваат па сака да се пресели во поголем град каде би можела да живее анонимно.

Во Милано, на пример, „има многу девојки кои прават такви работи, а никој ништо не е им кажува“.

Запрашана за тоа како се чувствува во врска со работа на „OnlyFans“ кога ќе биде постара, Мелба рекла: „Можеби еден ден ќе зажалам што ја работам оваа работа. Но сега не се грижам за тоа“.