Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, Марк Билингејм, открил зошто морал да ја напушти работата по 17 месеци соработка со познатиот пар.
„Кога ја напуштив војската во 2007 година, завршив како телохранител на славните лица како што се Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував добро – три пати повеќе отколку во војската. Мислам дека тоа беше повеќе од 10.000 фунти месечно“, изјавил Марк во интервју за „Дејли мејл“.
Штитејќи ги јавните личности, тој ги запознал такви какви што навистина се.

„Зад затворените врати славните личности се само нормални луѓе. Се смеат, се шегуваат… Секогаш беа полни со почит кон мене. Доколку некогаш кажев дека постои оправдана причина зошто нешто не можам да направам, тогаш тие никогаш не прашуваат ништо повеќе од тоа – ми веруваа 100 отсто“, истакнал тој.
Зошто тогаш се откажал од оваа работа?
„На нивните деца им станав татковска фигура (изјавил за соработката со Анџелина и Бред). Немав приватен живот. Бев исцрпен. Мојот семеен живот не постоеше. За 17 месеци дома бев само шест седмици. Едноставно тоа беше премногу“, изјавил тој.
Анџелина и Бред биле во брак од 2014 до 2019 година (врската ја започнале во 2005 година), а тие сега водат битка за старателството над нивните деца.

Актерката неодамна одлучила да ја изнесе својата страна од приказната за тоа што се случувало на спорниот лет Париз – Лос Анџелес во 2016 година кога нејзиниот сопруг, според нејзините зборови, физички ја нападнал неа и нивните деца, додека пак Пит тоа го демантираше.