Дека одлично се чувствува во своето тело, 55-годишната Полина Поришкова докажала објавувајќи фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола.
Во објавата, Поришкова објаснила дека била инспирирана од топлес фотографиите на нејзината врсничка Елизабет Харли, која поради истите е често прозивана од страна на јавноста.
„Кога бев во своите 20-ти и 30-ти години, што помалку облека имав на себе, толку бев попопуларна. Во 40-те можев речиси гола да шетам наоколу и не би добила ништо повеќе од најмала казна поради инцидент во јавност. Но, во 50-те ме навредуваат поради се: ‘Облечи се бабо’, ‘Желна си за внимание, зарем не?’, ‘Малку си очајна’…“ напишала поранешната членка на жирито на шоуто „America’s Next Top Model“ и додала:
„Зошто голотијата и да се биде секси е добредојдена во младоста, а забранета во зрелите години? Поради мажите“.
Својата подолга објава, Полина ја завршила со хаштаговите „да се биде секси нема рок на траење“ и „некаде помеѓу Џеј Ло и Бети Вајт“.
За сето ова, односно за тие двојни стандарди, Поришкова зборувала и претходно, истакнувајќи дека најголем проблем со тоа имаат жените кои се под лупа на јавноста.
„Тоа е работа со полно работно време и треба многу одржување. Тоа е с*ање, кога целиот твој живот се базира на добриот изглед, стареењето во јавноста е лошо“.