Поранешниот директор на ЦИА во шок: Победата на талибаните е катастрофа за цел свет

Поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус (68), вчерашното преземањето на власта од страна на Талибанците во Авганистан го нарече „страшно“ и „катастрофа“ за светот.

Поранешниот американски воен генерал и поранешен командант на воените сили во Авганистан предупреди дека „овде нема добар исход“, во изјава за радиото WABC.

Google search engine

„Ова е огромен чекор наназад за националната безбедност и е на пат да стане многу полошо ако не одлучиме да преземеме навистина сериозни активности“, рече Петреус. Тој вели дека постои решение во форма на порака до Талибанците.

Ако можеме ефективно да разговараме со Талибанците, да им кажеме дека треба да престанат со тое што го прават или доле ќе им ја донесеме американската војска, тогаш ние ќе го запреме ова“, изјави Петреус, а пренесува Њујорк пост.

За него, секој исход е лош, „без разлика дали Талибанците го преземат Авганистан или се ќе се претвори во граѓанска војна“.