Легендарниот рагби играч од Велс, Герет Томас (48) е обвинет дека не му кажал на својот поранешен партнер дека има ХИВ пред да го зарази со непријатниот вирус.
Иан Баум (59) ја тужеше поранешната рагби ѕвезда за „напад, оштетување, намерно оштетување и невнимание“, пренесува британски „Мирор“.
Поранешниот партнер на познатиот спортист тврди дека Томас не бил одговорен и не го известил дека е заразен со вирусот ХИВ.
Томас ги негираше наводите на поранешното момче.
Рагбистот беше во бурна врска со Баум во периодот од 2013 до 2018 година. Парот неколку пати раскинуваше и се смируваше.
Обвинителот тврди дека познатиот рагбист дознал дека е ХИВ позитивен два месеци откако започнал врска со Баум.
Герет Томас е еден од првите рагбисти кој признал дека е геј. Тој стана вистински херој на ЛГБТК+ заедницата кога во 2009 година јавно зборуваше за својата сексуална ориентација.