Во домот на Кејлин Конвеј, некогашна советничка на американскиот претседател Доналд Трамп се одвива вистинска драма, откако на нејзиниот профил на социјалната мрежа Твитер осамна топлес фотографија од нејзината 16-годишна ќерка Клаудија.
Тинејџерката која има само 16 години на почетокот помислила дека нејзината мајка ја пронашла фотографијата во телефонот и ја објавила на интернет. Набрзо на ТикТок се појави видео на Клаудија, која со солзи на очите ја нападна својата мајка.
„Фотографијата е реална, направена е пред неколку месеци. Мислам дека мајка ми го зела мојот телефон, а тоа редовно го прави, ја зела фотографијата и случајно ја објавила, или некој ја хакирал. Како и да е, никој и никогаш не би ја имал таа фотографија, никогаш. Така да, Кејлин, одиш во затвор“, изјави Клаудија.

Недолго потоа снимката беше избришана, а се појавија низа на други снимки во кои тинејџерката потоа ја брани својата мајка. Сега е уверена дека некој го хакирал профилот на Кејлин и порача дека одредено време ќе се повлече од социјалните мрежи за да „го изгради односот со неа“.
@claudiamconway
Таа ги замоли своите следбеници на социјалните мрежи да престанат да го пријавуваат случајот во полиција.
„Социјалните мрежи се едно мрачно место и наместо да ја расветлат целата ситуација, тие поттикнуваат насилство и омраза, а тоа не го сакаме ниту јас, ниту мајка ми“, изјави Клаудија.
„Верувам и знам дека мојата мајка никогаш не би објавила такво нешто на интернет. Ние се караме како и секоја мајка и ќерка, но ние исто така и се сакаме како секоја мајка и ќерка“, порача тинејџерката.