Џастин Маск, поранешната сопруга на Илон Маск, вториот најбогат човек на денешницава, има свои гледишта за тоа како да се збогатите.
Според нејзиното мислење, не станува збор за тоа колку сте вредни и одлучни во работите кои што ги правите, туку во нешто друго.
„Ставете го вашиот фокус на тоа што го сакате (милијарда долари) и навистина посветете се на тоа да откриете што е тоа што на светот му е потребно. Запрашајте се што е тоа што е единствено, а што го имате вие, а ниту еден компјутер не може да го замени, тоа што никој не може да ви го украде и да го направи подобро од вас“, порачала таа во еден од своите говори.

А, потоа, како што вели таа – потребно е да го развиете вашиот потенцијал:
„Изберете една работа и станете експерт за истата. Изберете друга работа и станете експерт и за неа. А, кога ќе станете експерт на два света, на пример инженеринг и бизнис, може да ги поврзете така што ќе ги споите новите идеи за да се роди нова „бебе идеја“ која што дотогаш никој не ја видел.

Но, потребно е да направите и компетитивна предност затоа што може да се движите помеѓу два света, да зборувате на два јазици, да ги поврзувате елементите за да имате креативен увид на сè додека не се пробудите со идејата која што ќе ви го промени животот“, истакнала поранешната сопруга на Илон Маск, инаку писателка на современа фантастика која што со поранешниот сопруг Илон Маск, чие богатство се проценува на 199 милијарди долари, има пет деца.