Поранешната принцеза пред смртта го опишала животот во „златен кафез“: Парите се проклети

Нејзиниот поранешен сопруг во текот на борбата за старателство бил обвинет дека сексуално злоставувал една од нивните ќерки.

Поранешната принцеза на Катар, која била пронајдена мртва во својот дом во Марбеља под сомнение дека се предозирала, раскажала за кошмарниот живот кога била дел од кралското семејство само неколку недели пред смртта.

Google search engine

Принцезата Касиа Ал Тани (45), трета сопруга на милијардерот Абделазис бин Калифа Ал Тани (73), опишала колку бил тежок преминот од растење во нормална куќа во САД до влегувањето во кралско семејство, додавајќи дека „повеќе пари значат повеќе проблеми“.

Рекла дека се омажила за принцот откако тој ја освоил кога била 19-годишна студентка во Париз и покрај разликата од 28 години. Парот добил три ќерки.

Меѓутоа, нивната романса завршила и парот се разделил во 2007-ма година, поради што поранешната принцеза, сега позната како Касиа Галанио, морала да го продаде сиот накит за да има пари.

Принцезата, која водела луксузен живот, се дружела со холивудски ѕвезди и има половина милиони фанови на Инстаграм, со години со својот поранешен сопруг била во тешка битка за старателство над ќерките.

Во текот на судењето нејзиниот поранешен сопруг бил обвинет дека сексуално злоставувал една од ќерките – што тој негирал.

Неколку недели пред смртта Касиа зборувала за турбулентниот однос со поранешниот министер за нафта и финансии на Катар, пренесува „Daily Mail“.

Таа во интервју на 17-ти април рекла дека нејзиниот моментален живот е како да живее во „златен кафез“, сакајќи слобода од својот поранешен сопруг, за кого тврдела дека одбива да плаќа алиментација.

„Парите се проклети бидејќи те изолираат од многу луѓе, тоа е поинаков свет“, рекла таа.

Поранешната принцеза открила дека морала да го продаде својот накит поради долгиот и тежок развод, и покрај тоа што живеела во луксузна вила во Марбеља.

„Ал Тани сакаше да ме контролира преку децата“, додала таа.

Зборувала и за тоа како се заљубила во принцот во текот на студиите во Париз, и покрај разликата од 28 години.

„Сакав да се грижам за него, сакав да бидам тука за него бидејќи е осамен. Меѓутоа, сакав да го живеам животот, бев многу млада кога добив деца, а тој овој период од животот веќе го заврши“, рекла таа.

Нејзиниот поранешен сопруг е обвинет дека сексуално напаствувал една нивна ќерка и ја терал да спие во неговиот кревет.

„Моќта, дипломатскиот имунитет и парите не би требало да овозможуваат законите да се прекршуваат. Се надевам дека тоа не е вистина, но и верувам на мојата ќерка“, рекла таа.

„Le Parisien“ пренесува дека на 19-ти мај судот во Париз ги отфрлил нејзините барања за старателство. Неодамна минала неколку месеци во болница, каде наводно се лечела по нервен слом.

Да потсетиме, поранешната принцеза на Катар е пронајдена мртва во својот дом во Марбеља во неделата наутро под сомнение дека се предозирала со дрога. Таа во интервју на 17-ти април рекла дека нејзиниот моментален живот е како да живее во златен кафез, сакајќи слобода од поранешниот сопруг за кој тврдела дека одбива да плаќа алиментација.