Таа раскажала дека се заразила пред да биде забележан првиот смртен случај во американската држава Илиноис и дека ѝ се чини како оттогаш да поминал цел век.
„Го добив вирусот пред било кој да носи маска. Сега зборуваме за втора година, вакцини, нови соеви, нова администрација, но мене ми е сè исто. Секогаш сум во кревет, во мојата соба. Болна сум 331 ден. Имам чувство дека времето не поминува, се чувствувам како да сум во затвор и како да ставам рецки на ѕидот“, рекла таа за „Вашингтон пост“.
Вели дека едно време си зборувала сама со себе дека наредниот ден ќе ѝ биде подобар, но дека тоа повеќе не успева.

„Се обидувам да се помирам со фактот дека овој вирус е нешто што нема да го совладам. Тоа би можело да биде тоа. Се будам секое утро и се прашувам ‘како ќе ми биде денеска?’ Јас сум она што лекарите го нарекуваат ‘долготраен болесник’, каде ковидот го презема вашето тело и не сака да си замине. Се прашувате дали ќе имам мачнина или силна вртоглавица? Или, можеби преферирате мигрена со болки во телото? Некои симптоми се константни, како што се болките во телото и слабост од глава до пети, но некои доаѓаат и си заминуваат – ѕвонења во ушите, болка во коските, прескокнувања на срцето, жешки уши, чувство на напнатост“, додала таа.
Денис рекла дека повеќе нема работа, дека понекогаш едвај станува од кревет и дека има чувство како ‘денот воопшто да не почнува, ниту завршува’.
„Некогаш го губам памтењето, па мислам дека имам амнезија. Како да сум во црна дупка. Чекам да поминат часовите“, изјавила таа.