Поранешен вработен во „Мерцедес“ со багер упадна во фабриката и демолираше 50 нови автомобили!

Неименуван поранешен вработен во погоните на „Мерцедес“ во шпански Виторија одлучи да им се одмазди на поранешните работодавачи и направи штета од дури 5 милиони евра.

Поранешниот работник, како што пренесува „Ел Паис“, во раните утрински часови на 31-ви декември со багер пристигнал пред фабриката каде што се произведуваат патнички и товарни модели на германскиот производител. Откако ја пробил вратата од фабриката, на паркингот уништил 50-тина целосно нови комбиња “Vito” кои чекале испорака.

Google search engine

Обезбедувањето не можело воопшто да го спречи, па на крајот одлучиле да пукаат во воздух. Откако поранешниот вработен го сопрел багерот, обезбедувањето го задржало додека не пристигнала полицијата.

„Ел Паис“ пренесува дека е направена штета од околу 5 милиони евра, а поранешниот вработен работел во фабриката од 2016-та до 2017-та година, па се претпоставува дека неговата „акција“ ја планирал подолго време. Багерот го украл од една градежна компанија, по што го возел 21 километар пред да стигне до фабриката на „Мерцедес“.

Полицијата го привела и ќе сноси кривична одговорност, а засега не е познато дали тој добил отказ, па тоа е мотивот на овој напад.