Поранешен шеф на американска разузнавачка агенција открива: НЛО изведуваат маневри на Земјата…

Џон Ретклиф, поранешен директор на Националната разузнавачка агенција на САД, откри дека неидентификувани летечки објекти често изведуваат маневри на Земјата за кои луѓето не ни поседуваат технологија за да ги следат.

Америка поседува докази дека неидентификувани летечки објекти (НЛО) нечујно го пробиваат звучниот ѕид и изведуваат маневри за кои луѓето воопшто не поседуваат технологија, открива Џон Ретклиф, поранешен директор на Националната разузнавачка агенција.

Реклама

Неговата изјава доаѓа во моментите кога се очекува објавување на извештајот на Пентагон, ЦИА и другите американски разузнавачки агенции, кои до 1-ви јуни мора да ги објават тајните досиеја за блиските средби со НЛО.

Ретклиф кој ја вршеше должноста за време на мандатот на Доналд Трамп изјави дека бројни средби со НЛО едноставно не можат да се објаснат.

„Имаше далеку повеќе блиски средби од тоа што е откриено. На мал број од нив им е симната ознаката за тајност. Кога зборувам за блиски средби, станува збор за неидентификувани летечки објекти кои ги виделе нашите воени пилоти или фотографии кои ги снимиле нашите сателити. Тие објекти изведуваа маневри кои невозможно е да се повторат, луѓето немаат технологија да го направат тоа. Тие нечујно го пробиваат звучниот ѕид“, изјави Ретклиф.

Ретклиф откри дека постојат и разузнавачки досиеја за блиски средби со НЛО кои се забележани ширум светот.

Да потсетиме, американската влада во септември доби рок од 180 дена да ги објави извештаите за неидентификуваните летечки објекти. Во предлог законот кој го потпиша Доналд Трамп содржеше и дел поврзан со НЛО. Во него беше наведено дека Пентагон и останатите разузнавачки агенции, меѓу другото мора да ги откријат сите закани кои ги претставуваат неидентификуваните летечки објекти, како и тоа дали истите може да им се припишат на странски непријатели.

Реклама