Поранешен астронаут предупредува: Кина планира да лансира повеќе ракети кои неконтролирано ќе паѓаат на Земјата

Кинеската ракета Long March 5b“, која за време на викендот падна неконтролирано во Индискиот океан, а пред тоа добро го исплаши и загрижи светот, не е ниту прва ниту последна што го стори тоа.

Како што е потврдено од Европската вселенска агенција (ЕВА), вакви настани може да се случат во наредните години.

Google search engine

Имено, Пекинг планира да лансира уште најмалку десетина ракети со делови за новата вселенска станица до крајот на 2022 година. Најмалку две лансирања ќе бидат извршени со ракети „Long March 5b“, кои за време на викендот паднаа неконтролирано на Земјата.

Може да очекуваме слични ситуации на следните две лансирања, или онолку колку што ќе има ракети „Long March 5b“, рече поранешниот астронаут и координатор за меѓуагенциска соработка во ЕСА, Томас Рајтер, додавајќи дека тоа не би било многу добро.

Секој пат кога ќе лансираат нов модул за станицата, ќе мора да погледнеме нагоре и да се обидеме да откриеме каде ќе падне ракетата, додаде Рајтер.

Проблемот е во тоа што кинеската ракета паѓа неконтролирано, па затоа е вистински благослов што овој пат го погоди Индискиот океан, а не некоја населена област. Дали ќе биде така во иднина, тешко е да се каже.

Имено, исклучително е тешко да се следат вселенските остатоци и да се пресмета точно каде ќе паднат. Ова ја прави уште попроблематична одлуката на кинеските власти да не ги споделуваат техничките податоци за идните лансирања со други вселенски агенции.

Ако нешто не се промени, и во иднина ќе мора внимателно да следиме што прави Кина во вселената, за да можеме навреме да ги предупредиме луѓето во областа каде што може да паднат остатоците.