Според новите правила кои Европската комисија наскоро би требало да ги усвои, компании како “Meta”, “Google” и “Twitter” ќе мора да се преземат сериозни мерки против ширењето на дезинформации.
Европската комисија работи на дополнителен притисок на технолошките компании како “Facebook”, “Google” и “Twitter” од кои ќе побара да преземат поголеми и посериозни мерки против лажните профили и “deepfake” на своите платформи. Во спротивно, им се закануваат големи казни.
Повеќе информации за тие нови правила кои се насочени против лажните вести и манипулации на интернет, кои се почесто, а понекогаш и воопшто не ги разликуваат вистинитите од лажните информации. Европската комисија би требало да ги објави утре. Правилата за однесување, односно кодексот е донесен уште во 2018-та година, но тој не бил доброволен, а според новинарите кои ги виделе новите правила, сега таквите активности на интернет би требало да се регулираат, при што одговорноста ќе се подели меѓу регулаторите и потписници на кодексите.
По потпишувањето на кодексот, компаниите ќе имаат половина година за имплементација на мерките, по што, во случај на нивно кршење, може да бидат казнети и со до 6 проценти од својот глобален промет. Во случајот на “Google” и “Meta” чиј минатогодишен промет изнесувал 258, односно 118 милијарди долари, јасно дека казните се премногу високи.

Борба против “deepfake” и лажни профили
Во документот се наведува дека неговите потписници на своите сервиси ќе воведат, зајакнат и спроведуваат јасни политики околу недозволеното манипулативно однесување и пракса, а кои ќе се однесуваат на докази за новите техники и тактики кои ги користат злонамерните актери. Тоа, најмногу се однесува лажни профили и “deepfake”, односно лажните видеозаписи кои делуваат реално, а чии последици може да бидат многу опасни.
Исто така, посебно се нагласува преземање на мерки против лажното огласување и поголема транспарентност околу политичкото огласување а кодексот би требало да биде поврзан со новиот Закон за дигитални услуги на ЕУ.