Поради една мала грешка во цената, си купи скутер за 0,69 долари на „Црн петок“!

„Црниот петок“ беше возбудлив за една Мексиканка, која се врза себеси за скутер, бидејќи управата на синџирот продавници „Волмарт“ не сакаше да ѝ го продаде производот по цена од 69 центи. Жената влегла во продавницата во градот Сан Луис Потоси, Мексико, па по долги расправи и расправии уште еднаш се докажа “купувачот е во право’ . Прво, скутерот чини 19.990 мексикански пезоси (околу 1.000 американски долари), но, во периодов на попуст, по грешка, еден од работниците напишал дека новата цена е 13,999 пезоси, што е еднакво а 0,69 долари.

Google search engine

Проблемот настанал кога раководството не сакало да го продаде по таа цена, па жената повикала агент за заштита на потрошувачите. И тој исто така, не успеал да ги убеди вработените во продавницата дека жената е во право.

Потоа, таа се врзала себе за скутерот со синџир. Генералниот директор на „Волмарт“ потоа потврди дека скутерот е продаден за 0,69 долари на првиот клиент од многумина што забележале грешка во цената.