Поради бикинито кое сама го дизајнирала сите погледи биле насочени кон неа…

Лиза Л. Опи прошетала по плажата во бикини кое што сама го дизајнирала, но очигледно дека истото може да го носат само најхрабрите девојки.

Поранешната американска кралица на убавината, модел и дизајнерка Лиза Л. Опи, овие денови станала кралица на една од плажите во сончевиот Мајами каде што била главна атракција благодарение на бикинито со необичен крој које што одлучила да го носи.

Google search engine

29-годишната Лиза гордо прошетала по едноделното бикини кое што всушност сама го дизајнирала за својата нова колекција, а кое што е далеку од вообичаените модели кои што сме навикнале да ги гледаме и дефинитивно е избор само за оние најхрабрите.

Го красат прорези, а за негова изработка е искористена минимална количина материјал, а исто така тоа го открива стомакот и ги нагласува градите.

Но, манекенката уживала во својот дизајн, па добро се погрижила сите погледи да бидат насочени кон неа додека си нанесувала лосион за сончање.

Освен на плажите, Лиза е популарна и на социјалната мрежа Инстаграм каде што има 320 илјади следбеници со кои споделува атрактивни фотографии и собира лајкови.