Турскиот готвач и месар Нусрет Гокче објавил фотографија од сметка од неговиот ресторан во Абу Даби. Имено, гостите платиле речиси 170 илјади долари.
На сметката била наведена вечера за 14 лица. Некои од јадењата кои биле нарачaни се следните: говедски carpaccio, месо „златен Отоман“, месо „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино Petrus, негрони, коњак Луис XIII…
„Квалитетот никогаш не е скап“, напишал Нусрет во описот на фотографијата која ја објавил на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Иако на богатите очигледно не им претставува никаков проблем да издвојат многу пари за вечера, на многу од следбениците на Нусрет им пречело тоа што тој се фали со парите кои ги заработил.
„Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.
„Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг корисник.
„Тие не го плаќаат квалитетот на храната туку сопствената глупавост“, додал трет корисник.
Да ве потсетиме, во јуни ресторанот на Нусрет во Лондон бил прогласен за еден од најлошите. Посетителите сметаат дека храната не вреди за цените по кои се продава.