Дури и сега многу од градовите на подрачјето на САД имаат голем проблем со поплавите кои настануваат поради високата плима, но експертите од NASA предвидуваат дека до средината на 2030 година ќе има уште поголеми проблеми поради порастот на нивото на морето, но и поради циклусот на Месечината.
Според новото истражување, за 10-на години ќе почнат поплавите кои ќе се случуваат периодично на секој еден месец, два или повеќе, во зависност од положбата на Месечината, Земјата и Сонцето, пренесува „Србија Данас“.
Кога Месечината, Земјата и Сонцето меѓусебно ќе се најдат во одреден однос, нивното гравитациско привлекување делува на океаните, па градовите кои се наоѓаат блиску до вода наскоро би можеле да се соочат со поплави кои ќе се случуваат секој втор ден, наведуваат експертите од NASA.

„Ниско позиционираните подрачја кои се наоѓаат во близина на морето се сè повеќе изложени на ризик од поплави, а таквата состојба само ќе се влошува. Комбинацијата на гравитациското привлекување на Месечината, порастот на нивото на морето и климатските промени ќе доведат до уште пообилни поплави на крајбрежјето на САД, но и ширум светот“, нагласил Бил Нелсон, раководител во NASA.
Како Месечината влијае на нивото на морето
Одговорот лежи во познатиот научен феномен дека Месечината на секои 18,6 години минува низ циклус на мали промени на орбитата кој се нарекува Месечево мирување. Оваа појава првпат била забележана во 1728 година.
Месечината секојдневно влијае на појавата на плима и осека, но влијанието на нејзините гравитациски сили не е еднакво секоја година поради тоа што во текот на период од 18,6 години орбитата ја менува својата положба во однос на Земјата. Поради тоа таквите промени се одразуваат на плимата и осеката.

Во првата половина од овој циклус Месечината предизвикува плима која е пониска од просекот и осека која е поголема од просекот.
Во втората половина плимата се зголемува, а осеката се намалува.
Благодарение на таквиот лунарен циклус кој трае 18,6 години не доаѓа до пораст на нивото на морето, освен доколку постојат некои „отстапки“.