Попишувачите и денеска останаа дома, Симовски: Ве молам не ме прашувајте ништо

Попишувачите денеска повторно не излегле на терен за да ја спроведат статистичката операција.

Откако и денеска попишувачите не излегле на терен, за „Плусинфо“ директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, изјавил:

Google search engine

„Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата“.

Техничките проблеми со кои беа соочени попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување повторно е ставена во функција, но нејасно е зошто попишувачите утрово добиле наредба од ДЗС да останат дома, пренесува „Плусинфо“.

Инаку, статистичката операција успешно течеше до вториот ден кога попишувачите мораа да ги исклучат компјутерите поради технички проблеми со апликацијата.

Симовски тогаш изјави дека се работи за глобален проблем со интернетот, а потоа истакна дека апликацијата имала багови и дека се работи за нивното отстранување.