„Поминав 5 дена во Грција за помалку пари“ – Фановите изненадени од цените на картите за концертите на Адел

Фановите на пејачката Адел се изненадени од цената на влезниците за нејзините претстојни концерти.

Цената се разликува во зависност од тоа каде посетителите стојат на концертот.

Google search engine

Најевтината влезница за концертот изнесува 90,45 фунти, потоа оние кои сакаат малку поексклузивно место на концертот ќе платат влезница од 11,85 фунти.

Т.н. „gold“ влезница чини 273,95 фунти, додека пак „Diamond VIP Experience“ влезницата чини 389.95 фунти.

Оние коишто сакаат ексклузивни VIP влезници треба да платата 434,95 фунти, додека пак „Ultimate Bar Diamond“ и „Ultimate Terrace“ влезниците чинат 579,95 фунти.

Секако, оние кои ќе ги купат најскапите влезници ќе бидат најблиску до сцената и барот, но многу од обожавателите на пејачката се разочарани со цената од влезниците и се жалат.

„Доколку сакате да се чувствувате сиромашно, одете и купете влезница за овој концерт. Адел, душо, те сакам, но не можам да си дозволам да купам карта од 90 фунти“, „Поминав пет дена во Грција за помалку пари отколку што чинат влезниците“, „Ова е премногу“, „Нема да платам толку“, се само дел од коментарите на Твитер.

Но, исто така имало и такви кои застанале во „одбрана“ на пејачката.

„Да бидеме искрени. Доколку некој може да продаде вакви карти, тогаш тоа е Адел. Таа знае и картите ќе се распродадат за неколку минути“, е еден од коментарите.

Да ве потсетиме, пејачката неодамна ги објави датумите за концертите кои треба да ги одржи во 2022 година во Лондон, што ќе биде нејзиниот прв настап во Велика Британија од 2017 година.

ПретходнаАнализата на МЗ колку од заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 од почетокот на август во Македонија биле вакцинирани
СледнаЗаев поднесе оставка од премиер и од лидер на СДСМ