Поминаа многу, многу часови заедно: Со овие двајца лидери Путин имал најблиски односи

Ниту еден современ светски лидер немал така блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин како поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Владимир Путин имаше пријателски состаноци со нив во разни формати. Што се однесува до сегашните политичари, мислам дека Путин немал така блиски формати на комуникација со ниту еден од нив“, изјави Песков, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Реклама

Портпаролот на Кремљ истакна дека имало лидери со кои првиот човек на Руската Федерација „поминал многу, многу часови заедно“.

Меѓу нив се и кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Има многу лидери со кои Путин има однос на доверба“, нагласи портпаролот на Кремљ.

Реклама