„Политико“: 5 места поради кои Бајден постојано ѝ се враќа на Европа, меѓу нив и Балканот

Малкумина од американските претседатели стапиле на таа функција со многу поминати километри стекнати во текот на меѓународнит патувања, но тоа не е случај со Џо Бајден, пренесува бриселски „Политико“.

Имено во текот на својот мандат на функцијата потпретседател на САД, Бајден поминал повеќе од 1,6 милиони километри на патувања во 57 земји.

Google search engine

Кога на тоа ќе му се додадат и околу 100 патувања реализирани во текот на извршување на функцијата член како член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, во текот на  70-те години, може да се каже дека Бајден има најмногу поминати километри од сите станари на Белата куќа.

Многу од тие патувања тој ги направил во Европа, која отсекогаш имала посебно место во неговото срце.

Поради тоа не е случајно што неговото прво патување во странство всушност било посета на тој континент, пишува „Политико“.

Официјалната цел на патувањата на Бајден, според пишувањето на порталот, би можела да биде на европските сојузници да им покаже „малку љубов“ по нападот кој го претрпеле од неговиот претходник. Но, Бајден навистина ја сака Европа.

Тој ентузијазам се гледал и во текот на претходните години, кога ја посетувал својата прва татковина Ирска, кога присуствувал на Конференцијата за безбедност во Минхен, или пак во најдалечните делови од Балканот, односно на сите места на кои повремено се враќал.

Пет места кои Бајден во Европа најмногу ги сака се: Ирска, Балканот, седиштето на НАТО, Минхен и Унгарија.

„Политико“ наведува дека многу американски политичари имаат ирско наследство и дека и двајцата родители на Бајден биле по потекло од Ирска.

Второто „катче“ во кое Бајден сакал да оди професионално и политички е поранешна Југославија, регион преполн со историски предели, како што наведува „Политико“.

Тој портал наведува дека Бајдан никогаш не се откажал од Балканот и дека одново и одново му се враќа и долго откако поголем дел од политичарите го изгубиле интересирањето за него.

„Балканот не е споредна стратешка мисија“, им рекол Бајден на колегите од Сенатот по посетата на регионот во 2001 година.

„Југоисточна Европа останува централна за безбедноста на целиот континент, а со тоа и на САД“, додал тогаш тој.

Откако во 2009 година станал потпретседател, Бајден повторно го посетил регионот.

Во 2016 година го посетил и Косово поради отворање на новиот автопат наречен по неговиот починат син Бо кој своевремено волонтирал во Косово.