22/05/2022
ПОЧЕТНА ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА Полициската инспекторка во Охрид починала од предозирање со наркотици

Полициската инспекторка во Охрид починала од предозирање со наркотици

Поранешната полициска инспекторка, Марија М., која беше пронајдена мртва во стан во Охрид, починала од предозирање со наркотични средства, покажуваат првичните сознанија за причините на смртта, објави „Охридскај“.

Пораншната инспекторка на криминалистичката полиција во СВР Охрид, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сирма војвода“.

Реклама

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, по што детално ќе бидат познати причини за смртта и приближно времето кога настанала смртта.

Во текот на истрагата остануваат на разгледување и првичните информации дека на телото на починатата имало траги на насилство и дека можеби станува збор за насилна смрт.

Реклама