Полицијата опколи вооружен маж пред седиштето на ОН во Њујорк

Седиштето на ОН во Њујорк беше опколено од полиција поради вооружен маж кој се појавил пред влезот на зградата.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како маж навидум држи пиштол. Полицијата ја евакуирала целата област и го држи на нишан непознатиот маж.

Google search engine

Во тој дел од градот одекнуваат полициските сирени.

„Зградата на ОН е затворена, полицијата е на терен“, изјави портпаролот на ОН за АФП.