Севиља е град во кој на сила е полициски час од 22 часот навечер до 7 часот наутро, а причината е добро позната – епидемијата на коронавирусот.
Две девојки во Севиља биле казнети бидејќи танцувале во бикини во фонтана за време на полициски час.
Имено, на социјалните мрежи се појавила снимка од две девојки како во 4:30 часот наутро танцуваат и се смеат во фонтана.
Полицијата отворила истрага на основа на снимката, ги пронашла девојките и ги казнила, бидејќи не носеле маски и ги прекршиле мерките за забрана на движење, пишува Daily Mail.
Според пишувањето шпанските медиуми, една од нив била видена на забава во близина на местото каде настанала снимката, па така полицијата трагала по сите луѓе од забавата. Органите за ред го направиле тоа во случај да дојде до ширење на коронавирусот.
Севиља е град во кој на сила е полициски час од 22 часот навечер до 7 часот наутро, а причината е добро позната – епидемијата на коронавирус.