Полицијата го бара Роналдињо ширум земјата: Специјалци му упаднале во домот, тој побегнал! Му се заканува затвор поради голем криминал

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо Гаучо е осомничен за измама со криптовалути и наскоро би можел повторно да се најде во затвор.

Бразилските обвинители веруваат дека компанијата „18K“ во сопственост на поранешниот репрезентативец на оваа земја, е дел од пирамидална шема. Компанијата на клиентите им ветувала приход од 2 отсто дневно, наводно на основа на трансакции со криптовалути.

Google search engine

Роналдињо два пати бил повикан да сведочи, но два пати го игнорирал повикот. Поради одбивањето да се појави пред судот, бразилската полиција упаднала во домот на 43-годишниот фудбалер за да му го одземе пасошот. Роналдињо не бил дома, па полицијата извршила претрес.

Обвинителите побарале од судот на Роналдињо да му се забрани напуштање на земјата во текот на истрагата и да му се одземе пасошот.

Роналдињо веќе еднаш беше во голем проблем со законот. Во март 2022-ра година беше уапсен поради користење на лажни пасоши при минувањето на границата во Парагвај. Нешто подоцна тој и неговиот брат биле ослободени од затвор со кауција од 1,6 милиони долари. Браќата зад решетки минале 171 ден, а повеќе од четири месеци биле во домашен притвор.