Полицаец од Капитол извршил самоубиство? Уште една смрт по нередите во САД

Полицаец ветеран, припадник на полицијата на Капитол, местото каде минатата недела се случиле нередите во кои имало загинати, наводно извршил самоубиство, соопштиле денеска властите, пренесува “New York Post”.

Тоа е уште еден удар за полицијата задолжена да го чува Конгресот, бидејќи еден полицаец починал во текот на нередите минатата среда. Станува збор за Хауард Либенгуд, кој починал во саботата додека бил на должност, соопштила полицијата.

Google search engine

“Тој бил припадник на одделението кое го чувало Сенатот и во нашето одделение беше од април 2005-та година. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и колегите. Се молиме неговото семејство, полицајците и нивните семејства да бидат поштедени од вознемирување во текот на овој многу тежок период”, се наведува во соопштението на полицијата.

Полициското одделение не го затворило случајот и уште се истражуваат околностите под кои починал, но новински изданија како “Punchball News“, тврдат дека Либенгуд си го одземал животот, пренесува “New York Post“, наведувајќи дека не се знае што е причината за таквиот чин.

Одделението на полицијата во Капитол е под интензивен надзор поради пропустите за време на упадот во Конгресот, а шефот Стивен Санд поднел оставка, која ќе биде на сила од 16-ти јануари.