Поголем дел од луѓето нема да користат паметни телефони до 2030 година, тврди извршниот директор на „Nokia“ – што ќе ги замени?

Извршниот директор на компанијата „Nokia“, Пека Лундмарк, изјавил дека колку и тоа да звучи неверојатно, поголем дел од корисниците ќе престанат да ги користат паметните телефони за помалку од десет години.

Лундмарк тврди дека до 2030 година луѓето ќе ги остават своите телефони пред сè поради 6G мрежата чија комерцијализација е планирана до 2030 година. Токму поради напредокот во комуникацијата, извршниот директор на „Nokia“ мисли дека денешните телефони ќе бидат заменети со носливи уреди и чипови во нашите тела, пренесува порталот „Gizhina“.

Google search engine

Во моменталната 5G мрежа, паметните телефони и натаму се најважните уреди за комуникација. Меѓутоа, Лундмарк и натаму верува дека ситуацијата значително ќе се промени по комерцијализацијата на 6G мрежата.

Тогаш паметните телефони ќе станат уреди кои не се толку чести поради тоа што сè што ви треба ќе го добивате преку очила или пак чип во вашето тело.

Извршниот директор на „Nokia“ не прецизирал кои уреди би биле тие кои ќе ги заменат телефоните за десеттина години, но треба да се знае дека 6G ќе зафати поголем дел од уредите кои се поврзани затоа што таа мрежа ќе бара моќен хардвер за да функционира како што е потребно.

Според предвидувањата, новата мрежа би требала да биде 100 до 1000 пати побрза од 5G, што значи дека потребниот хардвер ќе мора да биде значително помоќен за да обработи толку голем проток на информации.

За да може да постои некоја основа зад овие зборови, сведочи и фактот што Јужна Кореја неодамна најавила дека во 2026 година ќе започне со тестирање на 6G мрежата.